Италијанската компанија за кондиторски производи Ferrero отпочна ревизија на својот медиски договор во регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка (ЕМЕА), опфаќајќи над 70 локални пазари.
Процесот ќе ги опфати сите брендови на компанијата, вклучувајќи ги Ferrero Rocher, Nutella, Kinder и Thorntons. Тоа значи дека избраните агенции ќе бидат задолжени за медиското планирање и закуп во однос на сите производи кои се под капата на Ferrero во соодветните национални пазари.
Досега, Ferrero ангажираше различни медиски агенции за различни пазари. Па така, на пример, агенцијата Starcom, дел од Publicis Groupe, беше задолжена за пазарите на Британија и Италија, додека пак Dentsu ја осплужуваше компанијата во Германија. Останува да видиме дали Ferrero ќе се одлучи за случен пристап, или ќе назначи една агенција за поширокиот европски регион.
Ferrero важи за вториот најголем производител на кондиторски производи во светот, кој вложува повеќе стотина милиони евра за огласување во европските земји.