Home » Во фокусот » Фестивалот Cannes Lions го објави извештајот за креативноста на глобално ниво за 2018 година

Фестивалот Cannes Lions го објави извештајот за креативноста на глобално ниво за 2018 година

Apple за прв пат е во Топ 20 клиенти, а дури девет нови агенции во листата Топ 20 се независни агенции

Cannes Lions, меѓународниот фестивал на креативноста, го објави својот годишен извештај на креативноста на глобално ниво, кој дава детална анализа и пласман од натпреварувањата во 2018 година. Пласманите, кои се потврдени од страна на PwC, се резултат на ригорозни процеси, пријави на глобално ниво и одлука на елитно жири, а се селектираат врз основа на Lions наградите, брендовите, географската локација и индивидуалните постигнувања, на тој начин обезбедувајќи сеопфатен увид во развојот и состојбата на индустријата.

Извештајот покажува дека најголем дел од промените се случиле во Топ 20 независни агенции почнувајќи со агенцијата Jung von Matt Хамбург, која минатата година не успеа да се вклучи во Топ 20, а оваа година ја исфрли Droga5 Њујорк од првото место. Wieden + Kennedy Лондон се врати на третото место, иако тие не се појавуваа на листата од 2015 година, додека агенцијата Mother Лондон се пласира на петто место, откако две години не беше на ранг-листата. Во Топ 20 се палсираа импресивни девет нови агенции – JohnXHannes New York, N=5 Amsterdam, Cummins&Partners Sydney, BBC Creative London, 23 Stories x Condé Nast New York, Eleven San Francisco, King James Group Cape Town, DUDE Milan и History Will Be Kind Sydney.

Mars ја задржа својата позиција како клиент со најголем број на награди, додека Apple Inc., ја оствари својата најдобра година досега, пласирајќи се за прв пат во Топ 20 клиенти на третото место со 25 лавови и две Гранд-при награди, освојувајќи го првото место во категоријата Consumer Electronics.

Опширна верзија на извештајот за креативноста на глобоално ниво која вклучува Топ 5 пласмани за 2018 година и Топ 3 пласмани за претходните три години, е достапна тука. Целосната верзија, која вклучува Топ 20 пласмани за 2018 година и за изминатите пет години и проширена приказ на географско и регионално ниво, е достапна со регистрација во новиот дигитален извор на Cannes Lions, The Work.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365