Во согласност со моменталната ситуација и епидемијата на вирусот COVID-19, организаторите на фестивалот Cannes Lions објавија дека 67 меѓународен фестивал на креативноста ќе биде одржан од 26 до 30 октомври 2020 година. Сите котизации, спонзорства, пријавени кампањи и сл., ќе важат и за новите датуми. Организаторите планираат да ги продолжат и роковите за пријавување на кампањите, за што дополнително ќе ја известат јавноста.
Оваа година, фестивалот Cannes Lions носи многу новости кои вклучуваат, меѓу другото, и нова награда Creative Business Transformation Lions и нови категории.
Creative Business Transformation Lions го слави креативното размислување што го збогатува бизнисот и вклучува иновативна организација на компанијата, организација на работата на вработените и начините на кои се одвива интеракцијата со клиентите. Оваа категорија ја препознава генијалноста што поттикнува создавање нови производи и услуги и влијае на благосостојбата на компанијата, вработените и клиентите.
Промените во категориите го следат континуираниот развој на индустријата, а покрај постојните кои се освежуваат со нови елементи, агенциите оваа година ќе имаат можност да се натпреваруваат во новите категории Colour Correction/Grading, Social Behaviour, Cultural Insight, Corporate Purpose & Social Responsibility.