Фестивалот на деловни комуникации наместо во април ќе се одржи на 29 октомври 2020 година – кога хотелот Lone во Ровињ ќе биде домаќин на голем број на фасцинантни предавачи од целиот свет
Оваа година фестивалот Денови на комуникации наместо во април ќе се одржи од 29 до 31 октомври 2020 година. Согласно препораките на Светската здравствена организација поврзани со ширењето на коронавирусот, а поради посветеноста кон безбедноста на сите 3.000 учесници, предавачи и партнери кои го прават овој нетипичен фестивал еден од најдобрите во светот, организаторите донесоа одлука да го преместат датумот на одржување на Денови на комуникации 2020 од пролет на есен. Одлуката за новиот термин е донесена и поради фактот што компаниите каде што работат дел од предавачите и учесниците забранија патување, како и учеството во поголеми настани. Со избирање на нов термин, фестивалот Денови на комуникации им се придружи на цела низа други меѓународни и домашни настани кои ставајќи ги на прво место здравјето и благосостојбата на секоја индивидуа, одржувањето го прилагодуваат на моментално неизвесните околности.
Истовремено, организаторите им се заблагодаруваат на сите долгогодишни пријатели на фестивалот и на лојалните учесници кои го обезбедија своето место на фестивалот и им порачаа дека котизациите за регистрација и сместувањето купени за овогодинешното тридневно фестивалско издание, важат за новиот термин во октомври 2020 година – и се вредна инвестиција во знаење, бизнис, но и унапредување на домашната професија.
Силата на фестивалот и во новиот есенски термин, ја покажуваат досега најавените светски лидери кои го потврдија своето учество на Денови на комуникација во улога на предавачи. Тие стојат зад фестивалот, така што на локалните учесници во креирањето на најновото издание на овој меѓународно признат фестивал во октомври ќе им се придружат: највлијателниот светски маркетинг директор Кит Вед; потпретседателот на агенцијата Ogilvy и ТЕД говорник Рори Сатерленд; дизајнерот награден со Еми награда, Крис До; неодамнешниот евангелист на Мајкрософт, Џејмс Витакер; футурологот и визионер Ари Попер, кој исто така имаше можност да работи и за НАТО; Мерли Џејми, една од осумте жени меѓу 100-те најдобри креативни директори; Реи Инамото, ден од 25-те најдобри светски креативци според Форбс; основачот на Holmes Report и легенда во индустријата на односи со јавноста, Пол Холмс; повеќе-наградуваниот комуникациски експерт, кој доаѓа од една од најнаградуваните ПР агенции на светот, Дејвид Орлик, Тим Лик, со можеби најинтересното предавање од овогодишниот фестивал Cannes Lions наречено Ugly Sells; Тошико Танабе, најнаградуван креативец од далечната Јапонија, глобалната директорка за дизајн на компснијстс P&G за сите светски пазари, Олга Роза и многу други.
Сите информации за фестивалот можете да ги пронајдете на официјалната страница: www.danikomunikacija.com.