“Како што полека излегуваме од најлошата пандемија Covid-19, време е да го притиснеме копчето Re: Start и да започнеме да работиме на подобра иднина“, гласи пораката на организаторите на фестивалот Golden Drum, кој по една година пауза, ќе се одржи од 13 до 15 октомври 2021 година во онлајн издание. Фестивалот ќе биде бесплатен за сите заинтересирани.
„Нашиот фокус мора да биде ревидиран; мораме да ја процениме состојбата на нештата, да видиме што научивме во овие предизвикувачки времиња и да откриеме дали се промени нашиот поглед на креативноста. Мораме да бидеме искрени во врска со работите што отсега треба да ги правиме поинаку. Мораме да останеме оптимисти и подготвени да се приближиме уште повеќе до нашите клиенти, прилагодувајќи се на нивните изменети цели. Важно е да го одржувате вашиот бизнис агилен, иновативен и подготвен за ризик. За оние кои сакаат да остават трага, храбрите одлуки се вистинскиот пат“, порачуваат организаторите.
Фестивалот Golden Drum сака да продолжи да го инспирира и зајакнува креативното размислување, како и да поттикне саморефлексија, со цел да му овозможи на нашето ново општество да одговари на нашата нова реалност.
Повеќе информации се достапни на сајтот https://goldendrum.com/