Осмиот по ред фестивал на интегрирани комуникации KAKTUS by 1664 Blanc ќе се одржи на 1 и 2 ноември во хотелот Mona Plaza во Белград, под слоганот „Саморефлексија“. Оваа година, за време на фестивалот, ќе се слави силата на домашната креативност и ќе биде разгледан потенцијалот на поединци, тимови, агенции и брендови.
По тој повод, организаторите Marketing mreža распишаа конкурс за 8-та национална годишна церемонија на доделување награди – KAKTUS. Наградите се доделуваат во 25 категории, а ги добиваат организации, компании, институции и агенции за најквалитетните и најпрофесионални индивидуални и интегрирани кампањи во изминатата година. Главните награди на фестивалот се, како и досега, „Агенција на годината“, „Огласувач на годината“ и „Интегрирана кампања на годината – Grand Prix“. Како и претходните години, KAKTUS 2022 ќе ги слави само оние идеи кои ги надминуваат границите на очигледното, кои покрај тешките услови инспирираат и произведуваат најефикасна комуникација со целните групи. Конкурсот е отворен до 20 септември.
Новитет во рамките на овогодинешниот натпревар KAKTUS 2022 е новата категорија – „Интегрирана кампања на тема медиумска и дигитална писменост“. Во оваа категорија ќе биде доделена награда за најуспешната интегрирана кампања за чија реализација се користени минимум три комуникациски канали, а која како тема ги има медиумите, информатичката и дигиталната писменост. Во оваа категорија може да се регистрираат и кампањи на општествено одговорни корпоративни практики чија цел била медиумска, информативна и дигитална писменост.
Оваа година, на конкурсот можат да се пријават кампањи кои биле спроведени во периодот од 1 август 2021 до 1 август 2022 година.
„И покрај многу тешкиот и предизвикувачки претходен период, реализирани се бројни интересни и иновативни кампањи за кои сметаме дека се вредни за внимание, како од стручните лица, така и од пошироката јавност. Конкурсот за наградите KAKTUS е можност да се измери дали се тоа навистина различни идеи кои опстојуваат, но и да се оцени напредокот на професијата. Очекуваме бројни добри кампањи кои ќе укажат на развојните трендови, но и на предизвиците кои ја одредуваат иднината на креативната индустрија во Србија. Фестивалот KAKTUS е идеална можност да се види силата и потенцијалот на домашната креативност“, изјави Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и извршен директор на Marketing mreža, која е организатор на фестивалот KAKTUS 2022.
Награда за млади таленти – KAKTUS Talents (Powered by SBB)
Во рамки на фестивалот KAKTUS, Marketing mreža со поддршка на компанијата SBB го објави и четвртиот по ред конкурс за млади таленти од агенциите во Србија – KAKTUS Talents.
Целта на овој натпревар е да ги поттикне и мотивира младите во креативната индустрија, но и да ѝ укаже на стручната јавност за нивниот потенцијал, таленти и креативност. Покрај тоа, ова натпреварување има хуманитарен карактер, а креативните дела и идеи создадени во рамките на конкурсот ќе бидат донирани на социјално претпријатие или здружение на чиј бриф натпреварувачите ќе имаат задача да одговорат.
На натпреварот можат да се пријават млади професионалци од агенциите во Србија, на возраст до 32 години. Пријавувањето на тимовите е отворено до 23 септември.
Повеќе информации за конкурсите и фестивалот можат да се најдат на www.kaktus.rs.
Фестивалот KAKTUS 2021 беше поддржан од преку 50 медиумски куќи од целиот регион, како и од компаниите Mercator-S, Frikom, Jaffa Crvenka, Philip Morris International, Atlantic Štark, Galenika, Infostud 3. Платинум спонзор на фестивалот е 1664 Blanc, златен спонзор на фестивалот е SBB, сребрени спонзори се Forma Ideale, Mars и MPC Properties, додека пак овогодишни бронзени спонзори се компаниите Coca-Cola HBC, Imlek и Xiaomi Balkan. Пријатели на фестивалот се USAID Srbija и Propulsion. Партнери на фестивалот се агенциите: Ovation BBDO, Headline, Drive Agency, Info Media Group, Alma Quattro и DPC Networks. Фестивалот е поддржан и од Nova Communications, Real Grupa RGS и Represent System.