• Огласи за работа
  • |
  • Датабаза на агенции
  • |
  • Датабаза на медиуми
Saturday, February 27, 2021
No Result
View All Result
NEWSLETTER
Marketing365
Контакт
  • Во фокусот
    • Истражувања
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Маркетинг & Адвертајзинг
    • #MKAgencyLife
    • Креативен импулс
    • Digital
    • Герила маркетинг
    • Политички маркетинг
  • ПР
  • Медиуми
  • Компании
    • FMCG
  • Настани
Marketing365
  • Во фокусот
    • Истражувања
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Маркетинг & Адвертајзинг
    • #MKAgencyLife
    • Креативен импулс
    • Digital
    • Герила маркетинг
    • Политички маркетинг
  • ПР
  • Медиуми
  • Компании
    • FMCG
  • Настани
No Result
View All Result
Marketing365
No Result
View All Result

#FITRClassroom: Стратегии за успешна комуникација со вашата публика

February 18, 2021
in Во фокусот, Најнови вести, Настани
Сподели на FacebookТвитниСподели на LinkedIn

Како да комуницирате со вашата публика во пост- Ковид ерата беше темата на која дискутираа Зејна Астон, шеф на YouTube Комуникации за Европа, Средниот Исток и Африка и Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров. Учесниците на вебинарот имаа можност да слушнат многу корисни совети и стратегии кои ги користат најуспешните експерти за комуникација во време на пандемија.

Ковид кризата дефинитивно влијаеше на трендот на комуникација помеѓу брендовите и нивните корисници. Многу брендови ги променија своите стратегии за комуникација, имајќи во предвид дека глобалната публика е онлајн, барајќи интересна и корисна содржина која ќе ги анимира за време на пандемијата. Зејна Астон презентираше огромент пораст на следачи на YouTube платформата, односно само во првиот квартал од 2020 година, достигнале пораст од 25% на онлајн гледаноста, додека пораст од вкупно 45% оствариле во дневните снимања и споделувања на видеа на YouTube.

Според Зејна, клучна точка е тоа што корисниците како последица на Ковид кризата беа принудени да седат во нивните домови и почувствуваа потреба да бидат поврзани, па на тој начин тие почнаа да бараат интересна содржина, да снимаат видеа цел да се чувствуваат комфорно и сигурно во целата неизвесност која произлезе од ковид кризата. Со своето 10 годишно искуство во YouTube платформата, Зејна презентираше клучни поенти кои го користат најголемите креатори на содржина:

р е к л а м а
  1. Запознајте ја вашата публика и активно комуницирајте со неа, односно слушајте ги нивните потреби, желби и барања;
  2. Споделувајте актуелна, корисна и вредна содржина за споделување;
  3. Секој има свој глас, вие имате доволно моќ за да ја раскажете вашата приказна
  4. Соработувајте со другите платформи на социјалните мрежи за да ја реализирате вашата кампања
  5. Автентичност, бидете уникатни и единствени.

Зејна го заврши своето предавање со тоа што потенцираше дека од голема важност е да се воспостави обострана комуникација со вашата публика, со цел тие да се почувствуваат поврзани и комфорни. Остварете дијалог, со тоа што ќе ги слушате нивните потреби и желби. Вебинарот заврши со отворена дикусија, корисниците поставија многу интересни прашања и можност да добијат одговор од страна на вистински експерт од областа на комуникациите.

Следниот вебинар е закажан за 24.02 во 19.00h, со Бјорн Тровери, првиот човек задолжен за комуникации со корисници и односи со јавност во Фејсбук на тема: “Како ефикасно да комуницирате со вашата публика на Фејсбук”.

Вечерен бриф

Маркетинг365 вечерен бриф

* indicates required

За нас

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија.
Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 година), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014)…….Прочитај  ПОВЕЌЕ

marketing365-logo-transparent

  • Импресум
  • Контакт
  • Датабаза на агенции во Македонија
  • Политика за приватност на Marketing365 (Privacy Policy)

 

Cannes Lions Official Festival Representative

AmCham

  • Импресум
  • Контакт
  •  Ценовник за огласување

© 2021 JNews - Premium WordPress news & magazine theme by Jegtheme.

No Result
View All Result
  • Во фокусот
    • Колумни
    • Интервјуа
    • Истражувања
  • Маркетинг & Адвертајзинг
    • #MKAgencyLife
    • Креативен импулс
    • Digital
    • Герила маркетинг
  • ПР
  • Медиуми
  • Настани
  • Компании
  • ДАТАБАЗА НА АГЕНЦИИ
  • ДАТАБАЗА НА МЕДИУМИ
  • Контакт
  • Ценовник за огласување

© 2021 JNews - Premium WordPress news & magazine theme by Jegtheme.