Денес, 11 март, со почеток од 20.00 часот во Галерија 2 во МКЦ Скопје ќе биде отворена изложбата „Фламански тенденции“ на авторот Васко Ристовски.
Васко Ристовски е сликар на наивата од Македонија. Тој е роден 1967 година во Скопје, Република Македонија. Дипломира на земјоделскиот факултет при Универзитетот “Свети Кирил и Методиj” во Скопје, во 1991 година. Со сликарство се занимава од 1995 година. Работи масло на стакло.
Како сликар на наивата, речиси единствен во Македонија, се занимава 30 години (од 1994 година). Од 2021 година работи и масло на платно.
Самостојни изложби:
2020 Mузеј на РСМ
2015 НЛБ Тутунска Банка АД Скопје,
2014 ЈУ Младински Културен Центар Скопје,
2011 Скопје, Национална галерија на Македонија, Објект Чифте Амам
2008 Скопје, Галерија Оливер
2004 Скопје, Музеј на град Склопје
2002 Скопје, Галерија КО-РА
2001 Белград, Галерија Никола Пашич
По 35 години работа масло на стакло во стилот на наивното сликарство, конечно успева да излезе од тие рамки; во новите дела се чувствува особен афинитет кон класичното (рано) ренесансно, барокно и фламанското сликарство. Оваа изложа претставува обид да се претстават дела настанати во изминатите три години, овој пат во техника масло на платно. Делата се направени во манир на фламанските мајстори со извесна доза на модерно сликарство. Тоа е логичен след ако се знае дека наивното сликарство како основа го има токму фламанскиот барок. Платното, како технички предизвик, од своја страна, значи и стремеж кон константно развивање на својата индивидуална креација
Изложбата ќе може да се посети до 23 март.