Home » Во фокусот » Ford Smart клупи за поврзани пешаци во движење

Ford Smart клупи за поврзани пешаци во движење

Загриженоста за празната батерија на паметните телефони ќе биде минато – барем за пешаците во Лондон. Ford и смарт сити стартапот Strawberry Energy ги оживуваат смарт клупите и на пешаците им нудат мобилни полнења со соларен погон и Wi-Fi пристап додека седат и се одмораат низ градот. Соработката првично обезбедува 20 Ford Smart клупи, што е двојно повеќе од тоа што Strawberry Energy ги инсталирала во текот на оваа година. Освен што овозможуваат луѓето да го користат нивниот уред за планирање на понатамошните патувања, hi-tech уличниот мебел ја следи и бучавата, јаглеродниот диоксид, влажноста и температурата. Информациите, бесплатно, се достапни до сите корисници кои може да помогнат при информирање за идните одлуки на локалните власти во Лондон.

Ние во Ford веруваме дека градот на иднината ќе овозможи луѓето да се чуствуваат среќно, безбедно и поврзано. Ќе гледаме како улиците ќе бидат дизајнирани за да ги опслужуваат граѓаните со широк спектар активности: одење, возење велосипед, поврзување со други, возење и се разбира, бизнис и услуги кои ги поддржуваат нашите економии. Одењето, заедно со возењето и возењето со јавен превоз е дел од тоа како луѓето се движат во град како Лондон. Ford Smart клупите соврешено ги надополнуваат поврзаните животи што ги водиме “, вели Сара-Џејн Вилијамс, директор во Ford Smart Mobility Европа.

Пристапот до Wi-Fi и полнењето, безжично и преку портови, е бесплатно за смарт телефоните, за таблети, камери, итн. Исто така, ќе има можност оние кои ги користат урбаните пит-стопови да направат донација за хуманитарните организации „St Mungo’s“, „Rethink Mental Illness“ и „Macmillan центарот за рак“. Фондот Ford Motors Company, филантропска рака на компанијата, ќе одговара за донациите добиени од корисниците на смарт клупите од 10,000 фунти за секоја добротворна организација.

 “Без разлика дали се работи за фитнес, погодност или едноставно задоволство да се биде на отворено, многу луѓе уживаат да пешачат, но не се во можност да пристапат кон мапи, социјални медиуми и сајтови за вести додека се движат. Ford Smart клупите во Ислингтон, Луишам и Саутварк повеќе ќе помогнат да се осигура дека пешачењето ќе продолжи да биде клучен дел од тоа како Лондонците ќе уживаат во нивниот град“, вели Милош Милисављевиќ, основач и извршен директор на Strawberry Energy.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365