(РЕГИОН) – Третиот регионален форум на комуникациски лидери – IZAZOV 2017 ќе се одржи на 1 и 2 март во хотелот Crowne Plaza во Белград. Станува збор за интерактивен бизнис настан, прв од овај вид во регионот наменет исклучиво за професионалци од областа на маркетинг, односи со јавноста и дигитални комуникации од компаниите и агенциите.
Темите на третиот регионален форум на комуникациски лидери ќе бидат насочени на трендовите во интегрираните комуникации, за кои ќе зборуваат претставници на најголемите агенции и компании од Србија. За состојбата на пазарот на маркетинг комуникациите во земјата и регионот ќе зборуваат претставници на агенциите од Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, БиХ и Македонија. Темите на форумот ќе бидат и тоа во која мера сме спремни да извезуваме креативни идеи, има ли смисла денес да се биде бизнис ориентиран само на домашниот пазар, но и дали рабатот е легално “мито” во огласувачката индустрија.
Посебен сегмент на форумот ќе биде посветен на поттикнувањето на дијалогот помеѓу агенциите и комапниите, преку различни видови на интерактивни работилници. Во текот на траењето на форумот, своите студии на случај на агенциите, ќе им ги претстават и комапниите: Mercator S, Vip Mobile, Eurobank, Carnex, IKEA Srbija, AVON, Sberbank, Delhaize Srbija и многу други.
Како и претходните години, на форумот IZAZOV 2017 ќе биде претставено и најновото истражување за состојбата на струката во регионот, кое заедно го направија Marketing mreža и истражувачката агенција MASMI Белград, а ќе биде организиран и тим билдинг за претставниците на агенциите и компаниите.
“Границите на државата во која работиме ни`станаа тесни, барањата на пазарот и на потрошувачите се се` поголеми, а буџетите се` помали. Многу од предизвиците со кои денес се соочува струката се последица на глобалните промени, трендови и тенденции, но и локални и регионални околности, на кои можеме да влијаеме. Од таа причина, сакаме преку разни видови на работилници, тим билдинг и останати интерактивни содржини да го поттикнеме дијалогот помеѓу компаниите и агенциите, како би се размениле искуства и би се стекнала меѓусебна доверба, бидејќи само така можат да тргнат во нови предизвици кои им ги носат актуелните трендови“, изјави Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и уредник на порталот Marketing mreža, кој е организатор на форумот IZAZOV 2017.
Пријавувањето за уество на форумот на комуникациски лидери – IZAZOV 2017 трае до 8 февруари, а бројот на места е ограничен. Повеќе информации пронајдете на сајтот: www.izazovforum.rs