Деветтиот по ред регионален форум на комуникациски лидери – IZAZOV 2023, кој годинава се одржува под покровителство на компанијата Štark, ќе се одржи на 4 и 5 април во Белградскиот саем. Станува збор за интерактивен деловен настан, прв од ваков вид во регионот, наменет исклучиво за професионалци од областа на маркетингот, односите со јавноста и дигиталните комуникации од компании и агенции, а оваа година се одржува под слоганот „It’s all about the CHANGEMAKERS“.
„Луѓето се најголемата сила и највредното нешто што го има нашата професија. Затоа сакаме да ги мотивираме, поттикнеме, промовираме и да им обезбедиме простор за нивен креативен, професионален и личен развој. Сметаме дека секој поединец кој работи во адвертајзинг индустријата има „моќ“ да ги промени работите на подобро преку својата работа и своите кампањи, но и обврска и одговорност да придонесе за развојот на професијата и пазарот. Состојбата на пазарот на маркетиншките комуникации нѐ засега сите нас – поединци, а со здружување и вмрежување можеме да ги поттикнеме работите на подобро. Затоа, ајде сите да ги разбудиме нашите скриени моќи и да бидеме changemaker-и“ – рече Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и извршен директор на Marketing mreža, која е организатор на форумот, и додаде дека токму changemaker-ите биле тие што ја инспирирале агенцијата Ovation BBDO, која веќе осум години го потпишува креативниот концепт на форумот IZAZOV.
Овогодинешните теми на форумот, меѓу останатото, ќе бидат: во која насока ќе се движи пазарот во 2023 година; како инфлацијата и кризата ќе влијаат на одредени индустрии и формирањето на цените на производите; како да се зголеми продажбата и да се намалат трошоците преку соработка со брендови; како домашните брендови влијаат на националниот бренд во светот; каква е позицијата на поединецот во огласувачката индустрија; дали иднината на огласувањето е одржлива и како да се препознае greenwashing; како да се искористи потенцијалот на технологијата за вештачка интелигенција за целите на оптимизација на бизнисот; кои се најголемите предизвици кога зборуваме за креирање и имплементација на ESG стратегии; но и кој всушност профитира од сензационализмот, click bait, инфозабавата и зошто хиперпродукцијата е меч со две острици.
Претставници од Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија ќе зборуваат за состојбата на пазарот на маркетиншки комуникации во земјите од регионот. Овогодинешниот форум IZAZOV ќе го отворат Наташа Шарчевиќ, директорка за маркетинг и иновации на SPP Slatko i slano, и Владимир Иванчев, директор за продажба на SPP Slatko i slano, Атлантик Група, кои ќе зборуваат на тема зошто промените се важни за зрелите брендови, а разговорот ќе го води Лука Ѓукановиќ, виш менаџер за развој на брендот и иновации во SPP Slatko i slano на Атлантик Група.
Посебен сегмент од форумот ќе биде посветен на поттикнување на дијалог меѓу агенциите и компаниите, преку различни видови интерактивни работилници. Како и претходните години, на форумот IZAZOV 2023, со поддршка на агенцијата SmartPoint Adria, ќе се организира тим билдинг на тема како да се креира квалитетна содржина за TikTok, а ќе биде претставено и најновото истражување за состојбата на професијата во регионот, кое Marketing Mreža го спроведува веќе девет години.
Пријавувањето за учество на форумот на комуникациски лидери – IZAZOV 2023 трае до 24 март, а бројот на места е ограничен. Повеќе информации може да се најдат на веб-страницата www.izazovforum.rs
Златен спонзор на форумот IZAZOV 2023 е компанијата Štark, сребрен спонзор е агенцијата SmartPoint Adria, додека бронзени спонзори се Lidl Srbija и Telekom Srbija. Форумот IZAZOV 2023 е поддржан и од агенциите Ovation BBDO, DPC Networks, AlmaQuattro, Info Media Group, McCann Belgrade, Chapter 4 PR, Fusion Communications, Direct Media United Solutions и Novaston Marketing Consultancy. Спонзори на овогодинешниот форум се компаниите Forma Ideale, Carlsberg Serbia, Coca-Cola HBC, Mastercard, Ananas, Infostud, Xiaomi и Zlatiborac.