Еден од водечките македонски информативни портали МКД.мк, неодамна промовираше нов медиски “продукт“, досега не експлоатиран во нашиот интернет етер, кој спојува фотографија и тон – а не е видео.
Овој нов жанр на презентирање на новинарските приказни е наречен “ФоТон“ и досега тимот на МКД.мк на овој начин покри седум различни теми кои предизвикаа одлични реакции кај публиката и забележаа големи бројки на интеракции на социјалните мрежи.
Во просек ФоТон сториите траат околу 5 минути и досега се користеле фотогалерии од познати новинарски фотографи како Роберт Атанасовски, Маја Златева и Вангел Тануровски.
Досега подготвените и идните стории ќе може да ги погледнете на овој ЛИНК.