Од 29ти март до 4ти април во ОК Центарот во Букурешт ќе биде отворена изложбата на фотографии “Букурешт: Визии”.
Ќе бидат претставени четворица реномирани фотографи, меѓу кои и Анастасија Атанасоска, македонски кинематограф и фотограф која долги години работи во Романија.
Анастасија е ко-сопственик на “Sparki Studio” и сопственик на “Epic Vision SRL”. Во текот на нејзиното долгогодишно искуство има работено на бројни проекти, меѓу кои “X Factor”, “You think you can dance?”, “Top Chef” и како директор на фотографија за кулинарското шоу “So Delicious”.
Настанот чија цел е да го претстави Букурешт низ призмата на објективите на овие четворица фотографи, е уште еден голем чекор за талентираната Анастасија, чиешто портфолио опфаќа голем опус на меѓународни достигнувања во областа на кинематографијата и фотографијата.
На отворањето на изложбата ќе присуствува и македонскиот амбасадор во Букурешт, Габриел Атанасов.