Home » Во фокусот » Гемиус го објави годишното истражување за online пазарите во Југо-Источна Европа

Гемиус го објави годишното истражување за online пазарите во Југо-Источна Европа

Гемиус knowledge центарот ја објави својата нова студија за online пазарите во Југо-Источна Европа (Бугарија, Србија, Македонија, Словенија, Хрватска и Романија).

Тоа што е интересно овојпат е фактот дека за прв-пат во него е вклучена и Македонија, со што можеме да направиме каква-таква компарација помеѓу интернет пазарите во целото опкружување.

Во истражувањето се користени податоци од gemiusAudience и gemiusRanking сервисите, како и заклучоци на пооделни маркетинг специјалисти од секоја земја.

online landscape Gemius

Во делот за Македонија, со свои констатации во извештајот се присутни Веселин Ангелов од Гемиус Бугарија кој е одговорен за пазарите во Бугарија и Македонија, Јелена Ивановиќ од агенцијата New Moment New Ideas и Билјана Трајковска, медиа планер во Ovation.

Претставувањето на македонскиот online пазар се врши најпрво преку податоци за интернет пенетрацијата, потоа констатирање на новите трендови на пазарот (околу формати на огласување, буџети итн.), демографско претставување на интернет корисниците и претставување на водечките десет online медиуми кои имаат најголем reach во интернет етерот во Македонија.

Целото истражување можете да го сименте на овој ЛИНК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365