Со почетокот на Август 2014, регионалниот огранок на Гемиус во Босна и Херцеговина одлучи да прекине со јавното прикажување на податоците за посетеноста на тамошните интернет страници.
Како што наведуваат во соопштението, од Гемиус се решиле на овој чекор поради тоа што увиделе дека медиумите и медиските агенции ставаат преголем внимание на само мал дел од параметрите од истражувањето а целосно ги занемаруваат другите податоци.
Како што и нам ни е добро познато, Гемиус ја мери посетеноста на интернет сајтовите и делови од веб страните преку различни параметри, но исто така преку истражувањето дава податоци и за социо-демографските карактеристики на публиката и го следи понатамошното “однесување“ на посетителите додека сурфаат online.
Бидејќе сите овие елементи се составен дел од истражувањето, од Гемиус БиХ увиделе дека досегашното јавно објавување на податоците за посетеност ставило преголемо значење на само еден параметар и истовремено ја намалило целокупната вредност на истражувањето и поради тоа е ставена привремен прекин на нивното јавно прикажување.
Извор: Tuzlanski.ba