Christoph Mainusch, генерален директор на Central European Media Enterprises и извршен и генерален директор на Nova Group, ќе биде еден од главните говорници на NEM 2016 во јуни.
Господин Mainusch се придружи на CME пред две и пол години, од кога и компанијата ја зацврсти својата водечка позиција во регионот:
‘Беше јасно дека за пресврт ќе биде потребно повеќе од година дена. Се фокусиравме на неколку точки: задржување на водечкото место кај публиката на сите територии, подобрување на резултатите на приходите од огласувањето, подобро управување со програмите, примена на цврста дисциплина во секторот на трошоците, концентрирање на нашите основни дејности и ослободување од споредните работи, како и реструктуирање на компанијата за да биде поедноставна и поефикасна.’
Mainusch целата кариера ја помина како инсајдер во медиумската индустрија и смета дека телевизијата во дигиталната доба стана појака како никогаш:
‘Зголемена конкуренција и повеќе канали секогаш се и поголем предизвик. Дигиталниот развој сепак не го загрози уживањето во ТВ содржините. Туку напротив. Телевизијата стана појака како никогаш. Дигитализацијата нуди многу нови можности. Предизвик беше да се оствари и капитализира овај тренд и да се направи понуда на содржина достапна на сите платформи. Огласувачкиот пазар очигледно реагирал на оваа промена: проценуваме дека на нашите пазари уделот на вкупната потрошувачка на ТВ и онлајн огласување се зголеми од 52% во 2006 година на 71% во 2015 година.’
После исклучително успешното трето издание, NEM продолжува да расте и да се развива, па и оваа година на учесниците ќе им пружи несекојдневни бизнис прилики. Членовите на менаџментот и управата на најголемите светски медиски компании ќе се соберат во хотелот Dubrovnik Palace на настан кој има за цел да ги промовира потенцијалот и можностите кои ги нуди регионот на Средна и Источна Европа. Од менаџери и членови на управата на телевизиски компании, оператори од целиот регион, продуцентски елити, па се до водечки компании за анализа и технологија, но и самите ѕвезди, комплатната телевизиска индустрија се собира на NEM.
За повеќе информации за панелите, панелистите, спонзорските и networking приликите, следете го настанот и на социјалните мрежи: Facebook , Twitter, LinkedIn ,YouTube.