Фестивалот Gerety Awards објави неколку новости за своето ново издание меѓу кои и нов краен рок за пријавување, потврдување дека жирирањето ќе биде онлајн и одлука дека нема да се прифаќаат реклами поврзани со Covid-19.
Основачите на Gerety одлучија да ја прифатат изјавата од онлајн петицијата која ги повика адвертајзинг натпреварувачките фестивали ширум светот да постават забрана за сите КОВИД-поврзани проекти бидејќи како што се вели во петицијата тоа “не е културен момент” туку “хуманитарна катастрофа”. Ова според организаторите не го негира фактот дека агенциите прават фантастични проекти како одговор на кризата, но сметаат дека целиот фокус треба да насочен кон добивање на битката со вирусот, а не на битката за награда на фестивал со таков проект.
Жирирањето на Gerety ќе биде реализирано на две нивоа. Најпрво, Executive Jury ќе направи листа на финалисти, а потоа Grand Jury ќе направи финална селекција преку која ќе ги определи победниците.
Со оглед на ситуацијата со пандемијата падна одлука дека жирирањето овојпат ќе биде онлајн и ќе ги замени плановите да се гласа во повеќе места на физички локации како London, New York, Bangkok, Johannesburg, Melbourne, Madrid, Berlin, Buenos Aires, Helsinki и Istanbul. Како онлајн платформа која ќе се користи за гласањето ќе биде AwadrsEngine. Новиот краен рок за пријавување на проектите е 29-ти Мај.
Gerety Awards своето име го носат по Францис Герети, копирајтерка на слоганот “Дијамантот е засекогаш (A diamond is forever)”. Категории во кои можат да бидат номинирани проекти се: Media, Innovation, Entertainment, Communication, Craft, Experience, Works for Good, Health, Pharma и Portfolios. Жирираето се води по два критериуми: Оригиналност на идејата и нејзината егзекуција.
Повеќе детали за фестивалот можете да прочитате ТУКА.