Германија забрани продажба на пластични сламки за еднократна употреба, стапчиња за уши и пласичен прибор за храна, со што се усогласува со Директивата на Европската унија која е донесена со цел намалување на количината на пластичен отпад што ја загадува околината.
Владата, одлучи да стави крај на продажбата на пластика, вклучително и прибор за јадење за еднократна употреба, тањири, стапчиња и држачи за балони, како и полиестерски чаши и кутии, од 3 јули 2021 година.
Министерот за животна средина Свења Шулц истакна дека овој потег е дел од напорите да се оддалечат од „културата на фрлање отпад“.
До 20% од ѓубрето собрано во паркови и други јавни места се состои од пластични производи за еднократна употреба.
Пластиката не се разградува со децении, а микроскопските честички од неа често се наоѓаат во телата на риби, птици и други животни, пренесува Асошиејтед Прес.