Германија воведува забрана за продажба на пластични производи за еднократна употреба, применувајќи ја на тој начин европската директива насочена кон заштита на океаните од загадување.
Новиот закон, усвоен во септември минатата година, стапува на сила во петок и забранува, меѓу другото, пластични „стапчиња за уши, прибор за јадење, чинии, цевки, лажици и чаши“.
Исто така, забранета е и употребата на пакувања од полистирен кој што се користи за пакување храна.
Германскиот закон ја спроведува европската директива донесена во 2018 година, по неколкумесечни преговори меѓу членките на ЕУ, со кои беа забранети неколку различни категории пластика.
Според Европската комисија, производите на кои е насочена оваа директива претставуваат 70% од ѓубрето што завршува во океаните и на плажите.
Продажбата на постојните залихи би требало да остане дозволена и по 2021 година.