Сите сонуваме за добро обликувано тело во кое живееме без болки и хронични тегоби. Денес, стилот на живеење е исполнет со многу секојдневни обврски. Затоа, науката и технологијата на германскиот бренд MIHA BODYTEC нуди електро мускулна стимулација ЕМС како прифатлива и едноставна опција за здрава телесна форма и добро телесно држење ослободено од болки.
Специјализираното и лиценцирано ЕМС фитнес студио SPEED FIT се грижи да бидете во добра форма, да постигнете добро држење на телото, зголемена сила и виталност и да ги елиминирате вкочанетоста, болките во грбот и екстремитетите.
За разлика од традиционалното вежбање, ЕМС ги таргетира мускулите директно и интензивно, што значи дека вашата 20 минутна сесија со нас е еднаква на 4 часовно потење во класична теретана. Нашата манекенка и ТВ водителка Вера Мештеровиќ, извесно време, се грижи за своето здравје во SPEED FIT студиото. Според неа, намаленото времетраење на процесот на вежбање не влијае на квалитетот на вежбата, но секако влијае на целокупната организација на денот и на целосното здравје на човекот.
Резултатите кои се постигнуваат со ЕМС доаѓаат за многу побрз период отколку кој било друг конвенционален начин на тренинг, поради големиот број мусклуни групи кои се активираат при секоја сесија. Преку функционален ЕМС тренинг, може да се насочат и одредени проблематични области на телото, вклучувајќи ги вратот, грбот, екстремитетите и болката околу колковите.
Сесиите се наменети за сите возрасни групи, особено за повозрасната популација која има поголема изразеност на болки и вкочанетост во мускулите. Исто така, ЕМС може да помогне да се намали појавата на целулит со подобрување на циркулацијата, отстранување на токсините, тонирање на мускулите и спречување на нивна атрофија, стимулирање на производството на колаген и проток на крв во кожата.
SPEED FIT искуството почнува од моментот кога влегувате во нашата просторија. После пријавување за тренинг сесија, доделуваме професионална опрема и ве упатуваме во нашите соблекувални. Нашите сертифицирани тренери Ве подготвуваат за тренинг сесијата со облекување и прицврстување на вашиот ЕМС елек. Кога сте целосно опремени и подготвени, време е за вежбање. Нашите тренери ве водат низ серија вежби посебно дизајнирани да ги исполнат вашите цели и можности. ЕМС тренинг сесијата е создадена да работи низ 4 секундни интервали, низ кои во 4 секунди вашите мускули се контрахираат и во наредните 4 секунди се опуштаат. Ги повторуваме овие контракции и опуштања во циклус со времетраење од 20 минути и без да почувствувате посебен напор, сесијата е веќе завршена. SPEED FIT студиото нуди најдобри хигиенски услови и позитивна тренинг атмосфера.
Тимот на обучени тренери на SPEED FIT ќе се прилагоди на вашите желби и потреби, со цел постигнување виден резултат за многу пократко време. Студиото е сместено во ТЦ БЕВЕРЛИ ХИЛС на 1 кат, каде има лесно достапен и евтин паркинг за сите кои доаѓаат со автомобил. Дознајте повеќе за придобивките од ЕМС на speedfit.mk или дојдете во нашето студио.
(Комерцијална објава)