Министерство за транспорт на Германија е обвинето за сексизам по започнување на кампањата за безбедноста на велосипедистите во сообраќајот, во која централната фигура е модел кој носи само кацига и долна облека.
Постерите доаѓаат со слоганот “Изгледа како го*но, но го спасува мојот живот“, а на фотографијата е моделот Алиша Келер во виолетова кацига и градник од чипка.
Женското крило од Социјалдемократската партија на Германија повика на забрана на рекламата, додека Катја Маст, заменик-претседател на парламентарната група за жени во нејзината партија, ги прогласи овие реклами за “срамни, застарени и сексистички”.
Сепак, портпаролот на Министерството за транспорт застана во одбрана на креативното решение, изјавувајќи: “Успешната кампања за безбедност на патиштата треба да ги “раздрма“ луѓето и да биде поларизирана”.
Како дел од пошироката кампања постојат и постери со повеќе модели, вклучувајќи ги и мажите, а сите модели се облечени само во долна облека и кацига.