Girls in Tech Macedonia (http://macedonia.girlsintech.org) е локална организација, прва на Балканот, која функционира како дел од глобална непрофитна организација со над 50 гранки, фокусирана на ангажманот, образованието и поттикнувањето на влијателни жени во технологијата и претприемништвото. Фокусот на организацијата е кон промоција, раст и успех на жени претприемачи и иноватори во технолошкиот простор.
Girls in Tech Macedonia произлзе од потребата за мотивациски но и ресурсен центар за жени на различни возрасти кои се инволвирани во технолошката индустрија во земјата. Во еден бавно растечки стартап и ИТ бизнис екосистем како македонскиот, појавувањето на Girls in Tech делува како совршен склоп во прилог на тоа движење.
Целни групи на организацијата се GIT Young или млади девојки кои допрва сакаат да започнат кариера во ИТ или се на почеток на истата, и GIT Mature – жени кои веќе развиваат кариера во технолошките или сродни области. Идејата е преку инспиративни примери од GIT Mature, да се засили и мотивира GIT Young како група во развој.
Активностите на Girls in Tech во Македонија започнуваат со кампања под наслов “Local Ambassadors Hunt” која има за цел да вклучи што поголем број жени и девојки од технолошките области во Македонија. Крајната цел на кампањата, покрај запознавањето со мисијата на Girls in Tech, е да се ангажираат т.н. Локални Амбасадорки на Girls in Tech во повеќето градови низ Македонија, со цел да се формира цврста мрежа од координатори преку кои ќе се дејствува до крајните членови на организацијата.
Доколку сте заинтересирани, повеќе информации за кампањата можете да најдете на http://macedonia.girlsintech.org/local-ambassadors-hunt-campaign/, а најавата директно ве линкува и до официјалната форма за аплицирање која трае од денеска па се до почетокот на септември.