Холандската франшиза на брендот за брза храна McDonald’s во соработка со адвертајзинг агенцијата TBWA\NEBOKO создадоа необична колекција на накит од 14-каратно злато во форма на изгужвани пакувања за брза храна.
Потрошувачите кои ги посетуваат продажните места на McDonald’s во Холандија имаат шанса да освојат парче од блескавата колекција на златни предмети, така што ќе го фрлат своето ѓубре во посебни корпи за отпадоци нементи за наградната игра. Разменување ѓубре за злато? Воопшто не е лоша зделка!
Учесниците имаат шанса да добијат златна изгужвана кутија за хамбургер, пакување за помфрит или пак чаша за носење со кристализирани сламки.
Кампањата насловена „Ѓубре и гламур“ има за цел да ги потсети потрошувачите дека треба да си го собираат ѓубрето после јадење во рестораните на McDonald’s и да го фрлат во соодветни корпи наменети за тоа, а не да го оставаат било каде.