Главниот индустриски дизајнер за хардвер на технолошкиот гигант Apple, Еванс Хенки, најави дека ќе си замине од компанијата по три години на водечката дизајнерска позиција.
Хенки беше избрана за наследничка на претходниот долгогодишен главен дизајнер на компанијата Џони Ајв, кој си замина за да отвори сопствено дизајнерско студио.
Според Bloomberg, Хенки ќе се задржи во компанија уште шест месеци со цел да им помогне во транзицијата. Apple сé уште нема идентификувано нејзин наследник.
Хенки вообичаено беше далеку од очите на јавноста, фокусирајќи се првенствено на својата работа во компанијата каде предводеше десетици индустриски дизајнери.
Нејзина задача,меѓу останатото, беше да го надгледува квалитетот на уредите и стратегиите на Apple за масовно производство, остварувајќи тесна соработка со потпретседателот за дизајн на човечки интерфејс, Алан Дај. Двајцата поднесуваа извештаи за својата работа до главниот оперативен директор Џеф Вилијамс.
„Дизајнерскиот тим на Apple обединува стручни креативци од целиот свет и од многу дисциплини за да осмислат производи кои несомнено ја имаат суштината на Apple. Водечкиот дизајнерски тим има силни лидери со децениско искуство. Еванс планира да продолжи додека работиме низ транзицијата и би сакале да ѝ се заблагодариме за нејзиното водство и придонеси“ – посочија од Apple по повод најавата за заминувањето на Еванс.