Еден од најценетите регионални креативни фестивали, Голден Драм (Golden Drum), за своето наредно, 25-то издание повторно ќе не пречека во старо-новата локација Порторож, откако последниве неколку години се оддржуваше во Љубљана.
Оваа новина е надополнета и со уште една. Нов визуелен идентитет кој за фестивалот го направи агенцијата Luna/TBWA Ljubljana.
Креативците на Lunda/TBWA тргнаа од визуализација на тапан со палица, поедноставувајќи го и стилизирајќи го така што финалната верзија да одразува три конотативни промени истовремено: тапан со палица, оддек и буквата Г.
Изразениот минимализам, ликовна чистина, модерност и јасност во бојата кај новиот идентите дава чуство на безвременост и препознатливост што ни дава за право да се надеваме дека овој визуелен идентитет може да стане и остане константа на Фестивалот подолго време.