Овогодинешниот, 21-ви по ред, регионален адвертајзинг фестивал – Голден Драм, оваа година ќе се оддржи од 7-ми до 10-ти октомври, традиционално и оваа година во Порторож, Словенија.
Рокот за пријавување е 19 август а фокусот на овогодинешната програма е, како што велат организаторите, ставен на “креативноста, содржината и среќата“.
Две нови категории и нова Гранд При награда.
Следејќи ги најновите трендови во развојот на креативната индустрија, организаторите на Голден Драм фестивалот претставија две нови категории: T. Branded Content и W. Media. Исто така, оваа година, ќе се воведе и Гранд При награда за општокорисна работа (Good Cause Grand Prix Award) за која можат да се пријават хуманитарни и социјални кампањи.
Повеќе информации во врска со фестивалот, можете да прочитате на http://www.goldendrum.com/