Home » Во фокусот » GOLDEN DRUM 2017: Повеќе од 1000 креативни кампањи во трка за престижните награди на фестивалот

GOLDEN DRUM 2017: Повеќе од 1000 креативни кампањи во трка за престижните награди на фестивалот

На 24 Меѓународен фестивал на креативноста Golden Drum кој ќе се одржи од 18 до 20 октомври во 2017 година во Grand Hotel Union во центарот на Љубљана, Словенија, пристигнаа голем број на креативни кампањи

Без оглед на економската и социо-политичката ситуација во 38 земји учесници на натпреварувањето, повеќе од 1000 креативни кампањи учествуваат во трка за престижните награди на фестивалот Golden Drum.

Градот Љубљана и Фестивалот Golden Drum ги повикаа младите креативци да учествуваат на традиционалното натпреварување Young Drummers. Младите креативци се фокусираа на јакнење на градскиот бренд на тема: Ljubljana – The City to Experience Culture and Art. Пристигнале 112 постери.

27 различни земји и 26 различни агенциски мрежи ги пријавиле своите кампањи, а 117 независни агенции ќе се натпреваруваат за наградата Golden Dragon Award.

Бугарија е земја со најголем раст на пријавени пријави (250% повеќе од минатата година). Од 27 земји кои се натпреваруваат оваа година, Русија има пријавено најмногу кампањи (20,8% од сите кампањи), што е за 42% повеќе одколку минатата година. Втора по големина земја која учествува во натпреварувањето е Турција (14,1% од сите кампањи). Оваа година и Италија се приклучи на натпреварот Golden Drum.

Во секцијата Best Piece, најголем број на пријавени кампањи има во групите A-Film (14,4%), B-Press (13,4%) и C-Out of Home (12,4%), додека во секцијата Best Practice, водечка е групата S-Branded content & entertainment (7,4%), потоа групата U-Public relations (7,2%).

Креативните кампањи ќе бидат оценувани од страна на 27 врвни меѓународно признати стручњаци. Претседател на жирито Golden Drum Best Piece е Bruno Bertelli, глобален креативен директор на Publicis Worldwide додека John Mescall, глобален извршен директор ипретседател на McCann Global Creative Leadership Council е претседател на жирито Best Practice.

Учесниците на натпреварувањето Young Drummers ќе биде оценето од страна на петчлено жири под водство на Тереза Сверакова, главен креативен директор во Y&R Чешка.

На 20 октомври 2017 година ќе дознаеме кој ќе стапне на Големета сцена и ќе ги подигне Golden Drum наградите. Свечената церемонија за доделување на наградите Golden Drum започнува во 20 часот.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365