Home » Во фокусот » „Golden Drum“ и Македонски Телеком ги повикуваат младите креативци да земат учество во „Young Drummers“ натпреварот

„Golden Drum“ и Македонски Телеком ги повикуваат младите креативци да земат учество во „Young Drummers“ натпреварот

Младите креативци од Македонија ќе добијат единствена шанса да ги покажат своите креативни моќи и да бидат дел од еден од најголемите адвертајзинг фестивали во регионот

Во пресрет на еден од најпрестижните адвертајзинг фестивали во регионот „Golden Drum“(7-10 октомври, 2014 година Порторож, Словенија) со поддршка и партнерство на Македонски Телеком за првпат во Македонија се организира натпревар „Young Drummers“ на кој се покануваат сите млади креативци (родени после 10 Октомври 1984 година) да земат учество преку креирање постер-решение на тема: “Стоп за пишување на мобилен додека возите”.

Конкурост ќе биде отворен до 29 септември, а прогласувањето на победникот е предвидено да се случи на 1 октомври 2014 година.

dont.t.type.and.drive_banner_950x382px

Авторот на првонаградениот постер ќе добие платен авионски превоз до Порторож, хотелско сместување и целосна котизација за овој реномиран фестивал.

Како општествено одговорна компанија Македонски Телеком се почувствува засегната кога е во прашање темата безбедност во сообраќајот, која честопати знае да биде загрозена од несоодветното користење на мобилните уреди и сервисите кои ги нуди, па затоа преку овој натпревар целта е да се подигне свесноста, пред сè, кај помладата популација за опасностите кои демнат доколку се користат мобилните уреди додека се управува со воланот.

Употребата на мобилните телефони додека возиме е проблем кој се повеќе расте и претставува голема опасност. Според светските истражувања 23% од сообраќајните незгоди се поврзани со употреба на мобилен телефон. Кога пишувате, погледот од патот е пренасочен кон екранот просечно за 4,6 секунди, времето за реакција е 30% подолгo во споредба со брзината на реакција која ќе ви биде потребна доколку возите со интоксикација од 0,8 промили алкохол во крвта.  Имајќи предвид дека мобилниот телефон е секогаш со нас неговата употреба во автомобилот станува нешто многу поопасно и од алкохолот.

Сите заинтересирани млади креативци кои сакаат да ги споделат своите идеи и креативни размислувања на зададената тема можат да добијат повеќе информации за правилата за учество во натпреварот на следниот линк http://www.goldendrum.com/competition/off-drum/don-t-type-drive-macedonia/

Golden Drum е реномиран интернационален адвертајзинг фетивал кој своето прво издани го имаше во 2004 година. Одтогаш па се до денес успеа да се издигне во најголем и најважен фестивал во регионот кој на едно место ги обединува креативноста на маркетинг агенциите и различните култури од повеќе земји од Нова Европа (Австрија, Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Република Чешка, Египет, Естонија, Финска, Грузија, Грција, Унгарија, Израел, Казахстан, Косово, Киргистан, Латвија, Либан, Литванија, Малта , Македонија, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Турција, Таџикистан, Туркменистан, Украина и Узбекистан).

Овој настан се одржува еднаш годишно во Порторож и се состои од богата и разновидна програма исполнета со предавања од страна на признати меѓународни професионалци и светски ѕвезди во рекламната индустрија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365