Агенциите на I&F Grupa и оваа година остварија голем успех на регионалниот фестивал на креативноста BalCannes. Вкупно четири кампањи на агенциите McCann Beograd и McCann Zagreb беа препознаени како најдобри во рамки на 25-те издвоени кампањи кои ја одбележаа претходната година Овој успех е доказ за одличната тимска работа и партнерска соработка, како помеѓу клиентите и агенциите, така и помеѓу агенциите во рамки на комуникацискиот систем на I&F Grupа.
Наградени се кампањите “BONBON – Bontovnici” и “HT – Unlimited” на агенцијата McCann Zagreb за клиентот Hrvatski Telekom.
„Нѐ радува да ги видиме нашите два проекти во финалето на регионалните креативни кампањи. Посебно бидејќи тие кампањи се одраз на нашето бренд позиционирање. Ние ја превземаме улогата на креирање свет со подобри можности по пат на технологијата и дигитализацијата на општеството. Нашите брендови тие вредности ги пренесуваат и материјализираат, а во овој случај и по пат на одлична комуникација со помош на нашата креативна агенција McCann, што и беше препознаено од страна на професијата. Честитки до целиот тим вклучен во проектите и агенцијата,“ посочи Бранка Бајт, бренд директор на Hrvatski Telekom.
Извршниот креативен директор на McCann Zagreb, Даниел Вуковиќ, истакнува: „Среќни сме за вклучувањето на нашите две кампањи меѓу 25-те најдобри кампањи во регионот објавени во последните година дена. Посебно поради тоа што се работи за големи и важни кампањи за Hrvatski Telekom, нашиот најголем клиент. Денес, повеќе од кога било, компаниите имаат потреба од агенции кои размислуваат како да ги унапредат деловните резултати и да ги подигнат вредностите на нивните брендови. McCann Zagreb уште еднаш покажа дека е токму таков партнер за сите свои клиенти бидејќи има континуитет во креаирањето на исклучително ефективни и креативни кампањи кои се препознати од потрошувачите, но и од членовите на жири-комисиите на фестивалите.“
Меѓу најдобрите 25 кампањи во регионот беа издвоени и кампањите “Plazma rituali” и “Hvala vam, doktori”, кои McCann Beograd ги реализираше во соработка со агенцијата UM Beograd.
„Во година која не му се случила никому веќе подолго од еден век, креативноста сепак најде свој пат. Многу сме горди на нашата целокупна работа и соработка со клиентите и се радуваме на успехот на нашите две кампањи,“ рече Јана Савиќ Растовац, извршен креативен директор на McCann Beograd, додавајќи: „Многу сме почестени од оваа специјална награда, која претставува признание за креативноста на нашата агенција во секое време, па дури и во време на пандемијата. Наградата за Новата нормала ја посветуваме на сите доктори и здравствени работници во нашиот регион, како израз на длабока благодарност за нивните напори во 2020 година.“
„Идејата за кампањата ни дојде токму од нашите потрошувачи. Мнозинството од корисниците на Plazma многу сериозно ги сфаќаат своите ритуали на консумирање. За кампањата Plazma rituali добивме бројни позитивни реакции од луѓето на нашите дигитални канали за комуникација. Се надеваме дека секој ќе може да се препознае во некој од тие ритуали, а веруваме дека оваа кампања влијаеше врз некој да пронајде и инспирација за свој нов Plazma ритуал,“ кажа Александра Савиќ, постар бренд менаџер во компанијата Bambi.