Оваа година, Гугл одбележува 20 годишнина од претставувањето на најпребаруваните термини на својот пребарувач, објавувајќи стотици листи во повеќе од 70 земји во светот
Годинава дефинитивно ќе остане запаметена во историјата како година на коронавирусот кој влијаеше врз сите аспекти на општествениот живот и бизнисот. Затоа не е изненадувачки што поимите поврзани со пандемијата КОВИД-19 беа најпребарувани на Гугл. Како што се очекуваше, најпребаруваниот термин беше коронавирус – нов вирус кој го сврте целиот свет наопаку.
“Во време на незвесност, луѓето бараат разбирање и значење. Оваа година зборот ’зошто’ беше пребаруван повеќе од било кога“, велат од Гугл.
Преку резултатите од најпребаруваните поими, личности или настани, Google ни дава единствен увид во најпопуларните трендови како во светот, така и во секоја земја.
Во продолжение погледнете го прегледот на најпребаруваните поими на Гугл во 2020 година:
Најчестите пребарувања во 2020 година во светот се:
- Coronavirus
- Election results
- Kobe Bryant
- Zoom
- IPL
Најпребарувани поими во категоријата вести се:
- Coronavirus
- Election results
- Iran
- Beirut
- Hantavirus
Најпребарувани актери се:
- Том Хенкс
- Жоакин Феникс
- Амита Бачан
- Рики Џервејз
- Џејда Пинкет Смит
Најпребарувани спортисти се:
- Рајан Њумен
- Мајкл Џордан
- Тајсон Фјури
- Том Брејди
- Мајк Тајсон
Најпребарувани филмови се:
- Parasite
- 1917
- Black Panter
- 365 Dni
- Contagion
Најпребарувани личности се:
- Џо Бајден
- Ким Јонг Ун
- Борис Џонсон
- КамалаХарис
- Том Хенкс
Целата листа на најпребарувани термини, можете да ја погледнете ТУКА.