Google испраќа 15 свои YouTube звезди (мешу кои и Liza Koshy, Brodie Smith, Ben Brown, Caeli, Chloe Morello и Felipe Castanhari.) на Олимписките игри во Рио да стримуваат во живо делови од најголемиот светски спортски спектакл.
Помеѓу “контент креаторите“ ќе бидат и неколку “Google Trekker“ оператори кои ќе имаат задача да доловат 360-степени слики од околината и внатрешноста на Олимпискиот парк, со што уште повеќе ќе ја доловат атмосферата преку Google Maps за оние што нема да успеат да стигнат во Рио.
За нас кои од дома ќе ги следиме Олимписките игри, Google ни обезбеди и специјална можност преку Google Search да го следиме целиот распоред, заедно со разно-разни статистики и информации за атлетичарите.
Овогодинешните Олимписки игри се очекува да бидат најгледани игри досега a како што можеме да заклучиме Google е посебно подготвен за нив!