Home » Во фокусот » Google и Youtube “најздрави” брендови

Google и Youtube “најздрави” брендови

Технолошките брендови доминираат на листата на најздрави брендови во светот

И покрај соочувањето со казна од 2,4 милијарди евра од страна на ЕУ, и покрај погубното експозе за тоа како заработувале пари на содржина поврзана со тероризам, и покрај истрагата заради избегнувањето данок, Google го завзеде првото место на скалата на најздрави брендови, која за прв пат ја направи YouGov.

Во натпреварувањето со силна конкуренција, со компании како Adidas, Facebook и  Amazon, во оваа студија која ја мереше перцепцијата на компаниите од страна на корисниците на основа на неколку фактори, меѓу кои се квалитет, репутација и вредност, Google излезе како вкупно најдобро оценет бренд, а сестринската фирма YouTube го завзеде второто место.

Технолошките брендови, воглавно доминираат на листата, при што Facebook е на третото, Samsung на четвртото, а WhatsApp на петтото место. iPhone и Amazon се најдоа на шестата и седмата позиција.

Овај глобален извештај за најздрави брендови е прв од овај вид кој го направи компанијата YouGov и нуди посеопфатен преглед за тоа како купувачите ги перцепираат брендовите отколку BrandIndex Buzz извештајот, кој се темели на краткорочни резултати, осносно дали потрошувачот слушнал нешто позитивно за некој бренд во последните две недели.

Оваа листа се темели на податоците од 32 земји ширум светот, кои ги покриваат пазарите во Северна Америка, Европа и Азија.

Три класични брендови се најдоа на листата на 10 најдобри, при што Toyota го освои осмото место, а Adidas и Colgate деветтото и десеттото место.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365