Home » Digital » Google ќе ги враќа парите потрошени за реклами на сајтови со лажен сообраќај

Google ќе ги враќа парите потрошени за реклами на сајтови со лажен сообраќај

Google започна да врши поврат на парите на огласувачите и партнерските агенции кои го користеа DoubleClick Bid Manager-oт, откако пронашле докази дека некои од рекламните огласи биле прикажувани на веб страници со лажен сообраќај.

Откако информираа стотина партнери за проблемите со лажниот сообраќај, од Google понудија да надохнадат околу 7% до 10% од вкупните купувања на огласувачите кои користеа DoubleClick, известува Wall Street Journal.

Како би се спротиставиле на таквите проблеми во иднина, интернет гигантот веднаш побара од преку 100 “берзи“ за програмиран закуп, огласни мрежи и издавачи кои се вклучени во DoubleClick Bid Manager-oт да прикажат на купувачите на огласи дали се спремни да го вратат целокупниот влог во закуп на медиски простор, доколку се појават случаи на огласувачки измами.

Google исто така работи на технологија која ќе осигура во случај на огласна измама, торошоците на огласувачите автоматски да бидат надоместени кон Google и неговите партнери.

Според извештајот насловен како Bot Baseline, економските загуби поради измами со ботови на светско ниво се проценуваат во износ од 6,5 милијарди долари во 2017 година. Оваа бројка претставува намалување од 10% во однос на минатогодишното истражување, кога загубите беа проценети на 7,2 милијарди долари.

Google претходно издаде предупредување кон илјадници онлајн издавачи за т.н. “лоши огласи“, а воведе и повеќе филтри на огласи како би ги блокирал содржините со “насилство, голотија и политичка сатира“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365