Google работи на нова опција на апликацијата Google Maps со која ќе ја унапреди сигурноста на корисниците.
Се работи за функцијата кoја ќе ги нагласи добро осветлените улици кога корисникот оди пешки. Оваа функција е откриена во кодот на бета-верзијата на Google Maps што покажува дека ќе биде достапна за корисниците. Google Maps ќе ги нагласи добро осветлените улици со жолта боја кои ќе бидат означени како “безбедни“, така што корисниците ќе можат да ги избегнуваат оние кои се послабо осветлени, односно мрачни.
Овај потег би можел да биде од корист во опасните квартови или градови во кои слабо осветлените улици се легло на криминалци, така што помалку корисници веројатно би залутале во таквите квартови.
Ова е мал чекор напред за Google Maps, но многумина веруваат дека на овај начин ќе се зголеми сигурноста на корисниците.
Кога ќе биде достапна новата функција за корисните засега не е познато, ниту се знае како Google ќе ги собира податоците за осветлувањето на улиците и како редовно ќе ги ажурира, но можно е тие да бидат собрани преку сателитски слики, како што е случајот со другите картографски податоци на оваа услуга.