Home » Во фокусот » Гугл на врвот на светската топ листа на корпоративна одговорност

Гугл на врвот на светската топ листа на корпоративна одговорност

ЛЕГО падна на третото место на глобално ниво, иако во Европа сè уште ја има титулата бренд на кој најмногу му се верува

Во време кога од сите страни доаѓаат вести за кражба на податоци и скандали со сигурноста на одредени брендови поврзани со овие пропусти, Google успеа да го зачува неговиот углед и да се искачи на врвот на светската ранг-листа на корпоративна одговорност.

Непосредно откако беше објавено дека гигантот на интернет пребарувањето се повлече од трката за 10 милијарди долари вредниот договор со Пентагон, Reputation Institute ја објави својата глобална студија за корпоративна одговорност, давајќи му ја на Google првата позиција благодарение на нивната “исклучителна” култура на работење.

Дизни го освои второто место, со што стана јасно дека продолжува да ги освојува срцата низ целиот свет, додека Лего падна на третата позиција на листата.

Претставникот на Reputation Institute, Стивен Хан-Грифитс во врска со истражувањето изјави: “Резултатите од оваа година покажуваат важна точка на инфлексија. Сега се наоѓаме во време кога компаниите треба да направат чекор подалеку од самата општествена одговорност – мора да имаат фискална, општествена, еколошка и работна одговорност. Постои уникатна можност за компаниите да го подигнат нивото и да исполнуваат повисоки очекувања кога станува збор за комплетна посветеност на корпоративната одговорност.”

Листата се заснова на 230.000 индивидуални оценки од страна на јавноста, а се гласало за 140 мултинационални компании. Сепак, треба да се напомене дека, во однос на Европа, ЛЕГО сè уште ја има титулата на бренд на кој најмногу му се верува.

Првите десет на годишната листа на корпоративна одговорност се:

  1. Гугл
  2. Компанијата “Волт Дизни”
  3. ЛЕГО груп
  4. Натура
  5. Ново Нордиск
  6. Мајкрософт
  7. Бош
  8. Канон
  9. Мишелин
  10. ИКЕА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365