Во последно време се појавуваат сè поголем број на апликации и игри кои применуваат „free-to-play“ пристап
Ова има смисла, бидејќи отстранувањето на првобитната цена која би се плаќала за купување на игрите може да привлече голем број на корисници да ја испробаат играта. Сепак, програмерите и издавачите имаат потреба да заработат пари, а како резултат на тоа, ставањето реклами во овие игри е главниот начин за генерирање заработка.
За жал, понекогаш рекламите што ги избираат програмерите и издавачите можат да бидат нападни и вознемирувачки, што на крајот го расипува целосното корисничко искуство. Како резултат на тоа, Гугл одлучи да отстрани околу 600 апликации од Play Store за кои беше утврдено дека содржат „вознемирувачки реклами“, според мислењето на Google.
Според наводите на компанијата Гугл: „Ги дефинираме вознемирувачките реклами како реклами што им се прикажуваат на корисниците на неочекуван начин, вклучително и оневозможување или спречување на употребата на функциите на уредот. Иако се појавуваат во рамките на апликациите, овој вид вознемирувачки реклами е во пораст и ги нарекуваме реклами кои се надвор од контекст (out-of-context ads), а често се прикажуваат на мобилните уреди и кога корисникот не ја користи апликацијата“.
Гугл исто така додава дека компанијата неодамна разви иновативен machine-learning пристап за детектирање кога апликациите прикажуваат реклами надвор од контекст, што доведе до овај потег на компанијата.