Home » Во фокусот » Google отвори нови канцеларии во Берлин

Google отвори нови канцеларии во Берлин

Google ги отвори своите нови канцеларии во Берлин во кои ги смести своите тимови за вештачка интелигенција, Google Play, Youtube, Google for Startups и клауд услуги.

Главниот извршен директор на Google, Сундар Пичаи, беше присутен на официјалното отворање на канцелариите на компанијата во германскиот главен град Берлин.

Станува збор за простор од 8.500 квадратни метри на Музејскиот Остров, во кој ќе се сместат тимовите специјализирани за проектите на Google од областа на вештачката интелигенција, клауд услугите, Google Play, Youtube, Google for Startups и тимовите за маркетинг, продажба и деловна политика на компанијата.

Во овој центар, Google вработува околу 300 вработени, кои ќе бидат додадени на постојните вработени во другите канцеларии на Google во Хамбург и во Минхен (околу 1400 вработени). Google планира до крајот на оваа година во овие канцеларии да го пресели и седиштето на својата YouTube Space програма.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365