Навигацијата низ огромното пространство на веб-содржини често може да биде напор кој одзема многу време. Но, тука настапува новата пребарувачка функција на Google, наречена „Пребарувачко генеративно искуство“, која со помош на вештачка интелигенција го олеснува и забрзува целиот читачки процес.
Се работи за алатка која може да резимира опширни новински и истражувачки статии во само неколку клучни поенти, извлекувајќи ги во концизен формат како список од точки.
Алатката исто така може да ги дели статиите на неколку пократки сегменти, презентирани пред читателот во формат на предложени прашања под кои е даден соодветен одговор.
„Пребарувачко генеративно искуство“ вклучува и функција на „проширена дефиниција“, благодарние на која корисниците ќе можат да добијат концизни дефиниции за термините кои не им се јасни.
За да пристапат до овие нови функции, корисниците засега мора да бидат учесници во експерименталната програма Google Search Labs.