Светот можеби се соочува со голем број на проблеми, но Google одлучи да се фокусира на добрите работи кои се случија во 2018 година во своето традиционално „Year in Search“ видео.
Видеото е засновано врз фактот дека во 2018 година, луѓето најмногу пребарувале фрази кои го вклучуваат зборот „добро“ (“good”) – „Добри работи во светот“, „Како да се биде добар граѓанин“, „Како да се биде добар пејач/танцувач“, итн. Пребаруваните фрази во видеото се проследени со позитивни клипови од овогодишните вести: спасувањето на тајландскиот фудбалски тим од пештера, венчавката помеѓу принцот Хари и Меган Маркл, разни спортски успеси и многу повеќе.
Видеото содржи и голем број референци кон популарната култура – “Laurel vs Yanny”, играта Fortnite, како и повеќе позитивни вирални видеа. Дури и политиката и смртта добија позитивен спин – гледаме луѓе кои излегуваат да гласаат, слики од Стивен Хокинг и Ентони Бурден кои го слават нивниот живот наместо експлицитно да се споменува нивната смрт. Спотот завршува со мотото „Добрите работи се вредни за пребарување“ (“Good things are worth searching for“).
Намерата на спотот е за пофалба и добар потсетник дека и покрај тешкотиите, има многу работи во светот за кои треба да бидеме благодарни.