Публицис Скопје ја изработи новата кампања и новиот спот за најмладиот пивски бренд на Пивара Скопје, Горско пиво.
Снимен на неколку локации во шумите на Пелистер (Ротино), во него се прикажани дел од прекрасните пејзажи со кои изобилува нашата земја, со што брендот се поврзува со вљубениците во природата, во исто време доближувајќи се и до луѓето кои сакаат едноставен живот и наоѓаат радост во малите работи.
Носечката порака на спотот е адаптирана верзија на една од многуте изворни мудрости во нашиот фолклор, прикажувајќи го Горско како пиво, кое исто како и природата има моќ да нѐ собере заедно, порачувајќи: Доброто пиво надалеку се слуша!
Клиент: Пивара Скопје АД
Маркетинг агенција: Публицис Скопје
Продукција: Сектор Филм
Режисер: Марија Апчевска
Директор на фотографија: Александар Крстевски
Композитор: Игор Василев