Последниот, завршен ден на Direct Media Академија која се одржува од 28 до 30 мај во Мадленианум, Белград, ќе собере силен тим на предавачи, не само меѓународни и домашни имиња од индустријата на адвертајзингот, туку и од другите, тесно поврзани професии. Специјално од компанијата Freewheel, Comcast company на Фестивалскиот ден на Direct Media Академија, како гостин изненадување, пристигнува Willem Janssen, Director, Head of SSP Sales, BeNeLux/ CEE..
Да ве потsетиме дека MEDIA REINVENTION YOU NEED — AND NEVER THOUGHT POSSIBLE е она во што верува компанијата Freewheel во процесот на интеграција на линеарната и дигиталната телевизија, со цел зајакнување на комуникацијата на брендовите!
Willem Janssen го избра токму овај феномен како тема на своето предавање „Кој е оригинален инфлуенсер?“. Моќната и незапирлива економија на инфлуенсери еволуираше со растечкиот успех на социјалните мрежи. Во исто време, истите промени во дигиталната технологија овозможија телевизијата како медиум да се развива сè побрзо. Токму за оваа врска ќе ни зборува Вилем.
Покрај Willem Janssen, на сцената на Мадленианум ќе се претстави познатиот маркетинг експерт од Израел, Ravid Kuperberg од агенцијата Mindscapes, кој ќе зборува за поимот „StoryTeching“ односно за употребата на технологијата во маркетинг. Jon Burkhart, маркетинг консултант во компанијата TBC Global, стратег за содржина и ко-автор на книгата “Newsjacking“ ќе одржи предавање под назив „Constant Curiosity – како неочекуваните прашања создаваат моменти за паметење?“, на кое ќе ве научи да користите Провокација, Оригиналност, Разиграност и Изненадување со цел подобро да се поврзете со променливите потреби на вашата целна група. Публиката на Фестивалскиот ден, директно од познатиот уметник, Драган Бјелогрлиќ ќе слушне за тоа каде се наоѓаме на мапата на светската продукција и иновација на полето на филмската уметност. Од Срѓан Ѓурѓевиќ, директор на центарот за истражување и развој на United Group ќе дознаете како модерните технологии – машинското учење и вештачката интелигенција се користат во обработка на ТВ содржина, а Владимир Вулиќ, коосновач на Digitalizuj.me и Spark.me ќе зборува за нов модел на менаџмент во дигитално трансформирани компании.
Овогодишната Direct Media Академија е посветена на одбележувањето на 500 години од смртта на симболот на ренесансната ера, сестраниот гениј и визионер – Леонардо да Винчи.
Доколку не сте ги обезбедиле своите котизации за 30 мај, Фестивалскиот ден на Direct Media Академија, тоа можете да го направите овде.