Посетителите на добро познатиот “Д фестивал” што се одржа во Дојран сурфале на 4Г мобилен интернет двојно повеќе од минатата година, велат извори од телекомуникациската компанија Вип. Врвната организација на фестивалот беше провокација за младите луѓе да ги споделуваат своите доживувања со своите пријатели и следбеници на социјалните мрежи и тоа да го прават непречено од неколку локации на кои се одвиваше фестивалот – од главната сцена сместена на влезот на Стар Дојран ,а потоа и од забавата што продолжуваше на сцената покрај езерото. Интернет се користел и за споделување на забавата која се одвиваше во кампот преку ден на сцената Mosquito и во црквата Св. Илија, а не помалку се споделуваа и искуствата на камперите и останатите посетители кои следеа фудбалски натпревари на Светското првенство, домашен современ филм, или оние кои сакаа да научат некоја нова вештина како изработка на стикери, стрелаштво, или јога.