Ве бива за готвење? Сакате да ги споделувате вашите рецепти? Новата соработка меѓу Јадеме.мк и ДИЕМ-ГП ви дава шанса да ги споделувате вашите рецепти и да добивате награди за вашиот труд. Заинтересирани? Читајте понатаму…
Јадеме.мк во соработка со ДИЕМ-ГП започна интересен предизвик за сите кулинарски расположени обожаватели, а правилата за учество се ептен едноставни:
1. Одeте на http://jademe.mk/isprati-recept
2. Во горниот десен агол се логирате со вашиот Фејсбук профил
3. Си го „разубавувате” профилот со слика, линкови до Фејсбук и Твитер и мал опис за вас (секако, сево ова е по желба, а со цел комплетирање на визуелниот ефект на вашиот профил)
4. Испраќате рецепт во кој е вклучен и некој од производите на ДИЕМ-ГП
5. Ставате оригинална ваша фотографија каде што се гледа конкретниот производ и како изгледа самиот рецепт
6. Го испраќате рецептот.
Сите овие шест точки, поедноставени, можете да го ѕирнете и во видео форма:
Тимот на Јадеме.мк го проверува рецептот и доколку тој е комплетен и ги исполнува условите го објавува со вас како автор.
Како награда за вас Јадеме.мк и ДИЕМ-ГП за секој испратен рецепт ќе ви испрати вам за возврат специјално подарок изненадување .
Што чекате? Трк на http://jademe.mk, разгледајте ги досегашните рецепти, станете дел од нивната мрежа на „готвачи”, испраќајте рецепти и следете ги за идни забавни и интересни објави.
Рецепти имаме, па можеме слободно да почнеме и да јадеме со Јадеме.мк