Надоврзувајќи се на својата глобална кампања насочена кон еколошката одржливост – “One Little Thing”, брендот за мебел ИКЕА лансираше нова реклама за канадскиот пазар во која истакнува дека одржливото готвење не треба да биде комплицирано, туку прекрасно и грациозно како танц.
Во рекламата гледаме како еден пар приготвува цел оброк од остатоци од храна кои внимателно ги зачувале, благодарение на производите на ИКЕА за складирање храна. Готвењето потоа продолжува како грациозен танц, во кој енергетско ефикасните уреди и чешмата за заштеда на вода од ИКЕА им овозможуваат поедноставување на целиот процес и поголема еколошка одржливост на своето домаќинство.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Rethink и продукциската куќа Scouts Honour.