По долги дискусии за тоа како вештачката интелигенција би можела да се вклучи во образовниот систем на земјата, Грција формално воведува вештачка интелигенција во своите јавни училишта.
Иницијативата наречена AI4edu подразбира воведува два интерактивни образовни асистенти – еден за ученици наречен Study Buddy и еден за наставници наречен Teacher Mate.
Ученичкиот асистент е интегриран со училишните учебници кои им обезбедуваат на учениците приспособена поддршка преку интерактивно учење. Помошта за учење вклучува објаснување на концепти, сумирање текстови, уредување задачи, па дури и оценување на одговорите.
Наставничкиот асистент Teacher Mate го комбинира материјалот од учебниците со дополнителни наставни алатки за планирање на часовите, дизајн на наставна програма и објаснување на поими. Исто така, има контролна табла каде што наставниците можат да го следат напредокот на учениците, да генерираат тестови и да даваат повратни информации.
Во една неодамнешна прилика, грчкиот министер за образование Киријакос Пјеракакис рече дека целта на владата е постепено да ги инкорпорира напредните технологии и алатките за вештачка интелигенција, како што се личните асистенти во грчкиот образовен систем за да ги лоцира слабостите на учениците и подобро да ги информира наставниците.
Иницијативата AI4edu е кофинансирана од Европската Унија и обединува шест организации од четири земји-членки на ЕУ, вклучувајќи го Центарот за истражување и иновации од Атина (Грција), Универзитетот на Кипар и Кипарскиот педагошки институт (Кипар), образовниот центар Драмкондра (Ирска), организацијата Елиногерманки Агоги (Грција) и Технолошкиот универзитет Лулеа (Шведска).