Со весела атмосфера, зимскиот уличен фестивал „ГРИН-Џ – Winter Street Festival Caravan“ годинава започна со своето отворање во Битола и Делчево, означувајќи го почетокот на празничниот фестивалски караван која ќе патува низ повеќе градови низ државата од 20 до 30 декември.
Фестивалот е осмислен како подвижен, отворен и целосно бесплатен културно-забавен настан, кој ги активира јавните простори и ги претвора плоштадите, парковите и градските јадра во сцени за улична уметност, интеракција и семејна забава. „ГРИН-Џ“ носи празнична топлина и урбана енергија, создавајќи ново зимско искуство достапно за сите генерации.
По почетните настани, фестивалскиот караван продолжува од четврток, 25 декември, со својата програма низ повеќе општини и градови низ Македонија, сè до 30 декември. Во секоја локација, публиката ја очекува динамична програма, и вклучува улични уметници, акробати, жонглери, циркуски точки, пантомимичари, живи статуи, комичари, штулари, тематски костимирани ликови, улични музичари и интерактивни содржини за деца.
„ГРИН-Џ – Winter Street Festival Caravan“ е тука за да донесе насмевки и празнична магија во јавните простори, создавајќи моменти на радост, дружење и споделено искуство.
Распоред на „ГРИН-Џ – Winter Street Festival Caravan“
25 декември (четврток)
• Општина Ѓорче Петров – 17:00–20:00 часот (Реонски парк)
26 декември (петок)
• Ресен – 10:00–13:00 часот (Градски плоштад „Цар Самоил“)
• Општина Ѓорче Петров – 17:00–20:00 часот (Реонски парк)
• Струга – 17:00–20:00 часот (Плоштад)
27 декември (сабота)
• Општина Ѓорче Петров – 10:00–13:00 часот (Реонски парк)
• Веро Центар Скопје – 12:00–14:00 часот
• Виница – 14:00–17:00 часот (Плоштад Ангел Винички)
• Берово – 18:00–22:00 часот (Плоштад Димитар Беровски)
28 декември (недела)
• Веро Центар Скопје – 12:00–14:00 часот
• Прилеп – 13:00–17:00 часот (Плоштад)
• Охрид – 18:00–22:00 часот (Плоштад)
29 декември (понеделник)
• Крива Паланка – 12:00–14:00 часот (Плоштад)
• Општина Центар – Дебар Маало (Боемска 1) – 13:00–16:00 часот
30 декември (вторник)
• Крива Паланка – 11:00–13:00 часот (Плоштад)
• Струмица – 14:30–18:00 часот (Плоштад)
















