Комуникациската и медиска групација Next Fifteen постигна договор за купување на меѓународната агенциска мрежа M&C Saatchi по цена од 390 милиони долари (310 милиони фунти).
Со тоа, Next Fifteen успеа да ја претрка британската бизнисменка Вин Мурија која пред неколку денови дала понуда од 317 милиони долари за купување на M&C Saatchi.
Аквизицијата на M&C Saatchi од страна на Next Fifteen отвора пат за издигнувањето на нов дигитален маркетинг гигант, овозможувајќи ревитализација на бизнисот и нова фаза во меѓународниот раст на компанијата.
„Внесувањето на M&C Saatchi во групацијата на Next Fifteen ни обезбедува чекорна промена во нашиот обем и глобален досег, како и зголемена способност да нудиме дигитални решенија на организации кои се насочени кон раст. M&C Saatchi е синоним за креативност и стратегија, додека пак Next Fifteen има изградено репутација врз основа на својата понуда на технолошки и податочно-базирани услуги“ – истакна Тим Дајсон, главен извршен директор на Next Fifteen.
Покрај финансискиот аспект, бордот на директори на M&C Saatchi биле убедени и под влијание на комплементарната природа на двата бизниси, која нуди многу можности за синергија во насока на проширување на услугите и географскиот дофат во делувањето на компанијата.