Луксузната италијанска модна куќа Gucci објави нова елегантна и раскошна рекламна кампања со цел промоција на патничките аксесоари од линијата Valigeria.
Дејството на рекламата се случува во хотелот Савоја во Лондон и потсетува на богатото патничко наследство на Gucci. Иако седиштето на брендот основан од Гучио Гучи во 1921 година се наоѓа во Фиренца, лондонскиот хотел има важна улога во неговиот развој – означувајќи го точното местото што го инспирирало Гучи да создаде сопствена колекција на патнички аксесоари.
Главната улога во кампањата ја толкува популарниот јужнокорејски актер Ли Јунг-Џае, меѓународно познат по серијалот Squid Game, кој се движи низ хотелот до неговата соба додека во позадина оди песната “Chasing Sheep Is Best Left To Shepherds” од Мајкл Најман.
Кампањата е создадена преку креативната визија на јужнокорејската режисерка и фотограф Хана Мун.