Компанијата Алфабет Гугл ќе ги паузира сите политички реклами на својата платформа почнувајќи од 14 јануари, а по немирите од минатата недела во зградата на Конгресот.
Гугл планира да го одржи ова правило барем до 21 јануари, што ќе биде ден по инаугурацијата на новиот американски претседател, објави Ројтерс.
Фејсбук ги стопираше исто така политичките реклами после претседателските избори на 3 ноември, а ги пушти на кратко непосредно пред изборите за Сенатот во државата Џорџија.