Француското регулаторно тело за заштита на кокуренција го казни Гугл со 150 милиони евра поради злоупотреба на доминатната положба и нејасно рекламирање на Google Ads.
Казната доаѓа во време кога големите американски технолошки компании како Гугл, Фејсбук, Амазон и Епл се под зголемен надзор од Франција и другите европски земји, особено поради плаќање на ниски даноци, пренесува Ројтерс.
Растот на овие корпорации го загрози досегашниот даночен систем затоа што им овозможи легално да бележат профит во земји со ниски даноци како Ирска, без оглед на локацијата на нивните крајни корисници.
Регулаторните тела на ЕУ објавија дека размислуваат за построг пристап кон технолошки гиганти принудувајќи ги повеќе да се потрудат со цел да обезбедат рамноправни услови за сите играчи на пазарот.
Изабел де Силва, претседателска на регулаторното тело ја обвини компанијата за “брутално и неоправдано“ суспендирање на клучните огласувачи на нивната платформа. Таа рече дека регулаторот „не го оспорува правото на Гугл да одредува правила, но дека тие правила мора да бидат јасни и рамноправо наметнати за сите огласувачи“.
Најголемиот пребарувач во светот веќе плати околу милијарда евра на француските власти во септември.
Гугл соопшти дека ќе се жали на пресудата наведувајќи дека нивната политика на рекламирање е креирана за да ги заштити потрошувачите од реклами кои експлоатираат и кое се навредливи.